loading...

Џони Деп се појавил во Венеција згоден како некогаш и сите ги оставил без здив

Деп во Венеција го промовирал својот нов филм „Waiting For The Barbarians“. Холивудскиот актер Џони Деп (56) се појавил на 76-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција и го привлекол целото внимание бидејќи пристинал во својот полн сјај, згоден како некогаш кога бил еден од најпосакуваните холивудски заводници.

Џони Деп во последниве неколку години имал свои падови. По четиригодишната врска со топ моделот Кејт Мос, следело раскинување на врската и пејачата Венеса Парадис со која бил полни 14 години, но никогаш не е венчале. Имаат две деца и останале во пријателски односи.

Неговата сопруга Амбер Хард го обвинила за физичко и психичко злоставување, а тие двајца во брак биле само 15 месеци. Актерот поради тоа бил мета во светските медиуми, а многумина коментирале и дека целосно пропаднал.

Меѓутоа, тој сега се појавил во издание како некогаш, па изгледа дека собрал сили да го остави ужасното минато позади себе и да продолжи понатаму.

На фестивалот пристигнал во сино одело, а го промовирал и својот нов филм „Waiting For The Barbarians“. Изгледа дека овој проект ќе го врати славниот актер во Холивуд таму и каде што му е местото.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX