loading...

Тим на инженери од Калифорнија со одличен изум: Машина која од воздухот произведува вода!

Тим на инженери од Калифорнија дизајнираа машина која, кога условите се совршени, може од воздухот да произведе околу 1,200 литри вода за пиење. За овој изум добија награда од 1,5 милиони долари.

Справата која што е наречена “SkyWater” работи на прилично едноставен принцип – во основа се состои од големи метални котли кои што од воздухот ја кондензираат и потоа ја прочистуваат водата, односно ја претвораат влагата во вода за пиење. Овие машини може да се напојуваат со соларни панели или биодизел.

„СиЕнЕн“ пренесува дека токму овие справи би можеле да бидат идеалното решение при обезбедувањето на домаќинствата со вода за пиење. Машините исто така би можеле да помогнат во земјоделието, но и да бидат многу корисни во случај кога поради некоја природна катастрофа, ќе биде загадена постоечката инфраструктура за водоснабдување.

Тимот на инженери од Калифорнија кои што се заслужни за дизајнирањето на “SkyWater”, беше награден од здружението “Water Abundance XPRIZE” кое се бори луѓето ширум светот да имаат чиста вода за пиење.

Инженерот Дејвид Херц вели дека е многу возбуден, затоа што нивната идеја и машина “SkyWater” ја добила главната награда.

„Иако е дел од модерниот свет, недостатокот на вода за пиење во Калифорнија е едно од најгорчливите прашања“, изјави Херц, нагласувајќи ја важноста на водата за пиење за човештвото и објаснувајќи зошто ја избрале баш Калифорнија како база за своето истражување.

Херц вели дека оваа справа не е решение само за Калифорнија, туку за целиот свет, затоа што во атмосферата на Земјата во секој момент има околу 150 милијарди милиони литри свежа вода, што е повеќе од сите реки и езера на планетата заедно.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX