loading...

Теории на заговор: Кои се Илуминатите?

Многумина слушнале за Илуминатите и како оваа организација полека го поставува новиот светски поредок. Некои луѓе сметаат дека се работи за теории на заговор, додека пак некои веруваат во нивната намера да го расипат светот. 

Прочитајте интересни работи кои можеби ги знаете, а можеби и за прв пат ќе ги слушнете за тоа како оваа организација е виновна за неколку историски настани и безредието кое се случува во модерниот живот.

Се верува дека Илуминатите се тајна организација која била основана уште пред неколку века, но поради тоа што во 1784 година била забранета јавно да ги шири интересите, членовите продолжиле потајно да се состануваат и да делуваат. 
Денеска, оваа организација повторно функционира со тајни состанувања и прикриено наметнување на своите  интереси врз популацијата ширум светот. 

Според некои теоретичари, Илуминатите се виновни за многу историски случки и убиства на познати личности. Неколкумина од тие се убиството на американскиот претседател Кенеди, Битката на Ватерло со Наполеон Бонапарта, убиството на познати пејачи како Мајкл Џексон, Витни Хјустон, Боб Марли и Ту Пак. Дали тоа било поради некакво „жртвување“ или поради тоа што не ги почитувале нивните наредби, останува мистерија и теорија на заговор.

Британецот кој е експерт за теории на заговор, Дејвид Ики тврди дека членовите на Илуминати се хибридни суштества од рептили и луѓе, нарекувајќи ги рептилци. Токму овие луѓе се верува дека управуваат со светот, поточно со Меѓународниот монетарен фонд, Централниот центар за интелигенција во САД, па дури се верува и дека кралицата Елизабета е ваков тип на човек.

Многумина од познатите личности, музичари и актери се дел од оваа организација. Нивното членство го истакнуваат преку музичките видеа или пак во филмовите во кои глумат. Доказ за тоа се Бијонсе, Кети Пери, Џеј Зи, сестрите Кардашијан и многу други.

Илуминатите се обвинети за терористичкиот напад на кулите близначки. Многумина ја префрлија вината на оваа потајна организација, како и за многу други работи кои предизвикуваат паника, стрес, па дури и болести, епидемии и претерана сексуалност во модерното општество.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX