loading...

Работи кои задолжително треба да ги исчистите веднаш по купувањето

Иако сите знаат дека кога ќе се купи нова облека, треба да се испере, сепак многумина знаат некое парче да го облечат веднаш по купувањето.

Но, исто како што го миете зеленчукот и овошјето пред јадење, истото важи и за многу други работи, кои треба да ги исчистите пред употреба.

Во оваа група припаѓаат облеката, чевлите, постелнината и други домаќински апарати.

Во продолжение погледнете што сè задолжително треба да се исчисти веднаш по купувањето:

Облека

Не знаете во какви услови е чувана облеката и иако можеби кога сте ја купиле била уредно здиплена, претходно може да била расфрлана по земја низ магацини.

Затоа, не ја пробувајте облеката на голо, мијте ги рацете по купување и исперете ја облеката пред носење.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-02.jpg

Чевли

Причината заради која треба да ги чистите пред носење се габите, а постојат неколку начини да се справите:

  • Новите чевли доволно е да ги испрскате со дезинфекциски спреј
  • Ако се носени, може да ги исчистите прво со оцет и да ги исперете

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-03.jpg

Постелнина и пешкири

Ново купените пешкири и чаршафи не се толку безбедни за употреба без чистење, бидејќи во одредена фаза од производството се користат хемикалии, па за да се осигурате дека се чисти, мора да ги исперете.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-04.jpg

Додатоци за маникир

Чистењето на овие додатоци не е неопходно само во козметички салон, туку и дома и препорачливо е да им направите дезинфекција на новите пред да ги користите, но одвреме-навреме и на оние кои сте ги користеле досега, дури и ако се само ваши.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-05.jpg

Садови за кујна

Гумените садови пред употреба треба да се измијат со топла вода и течен детергент, исто како и садовите од челик и тефлон.

Тенџерињата и сличните додатоци од леано железо се бришат прво со сува крпа, па се мијат со топла вода и детергент. Потоа треба да оставите сол 40-60 минути за да се отстрани непријатниот мирис и може да ги ставите кратко во рерна на 175˚С.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-06.jpg

Електричен бокал

Многу често новите апарати имаат чуден мирис, кој може да го отстраните на повеќе начини:

  • Наполнете го бокалот со вода до максималната линија, додадете 30g сода и оставете да проврие. Оставете така неколку часа, а потоа исплакнете го убаво бокалот и сварете вода уште неколкупати.
  • Наполнете го бокалот до максималната линија, додадете 50g лимонтус или исцедете 3 лимони и оставете да зоврие. Оставете да отстои цела вечер и следното утро исплакнете и ставете вода да зоврие уште неколкупати.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-07.jpg

Машина за садови

Освен за чистење од фабричкото загадување, машината треба веднаш да се пушти за да се провери дали работи како што треба.

Кога ќе ја купите, отстранете ги сите лепенки, приклучете ја, ставете специјална сол и таблети за чистење и вклучете ја на најдолга програма со највисока температура.

Кога ќе заврши, оставете ја вратичката отворена да се проветри.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-08.jpg

Фрижидер

Во фрижидерот се собира прашина, нечистотија и бактерии, а со оглед на тоа што треба да чувате храна, важно е добро да го исчистите пред употреба.

Поминете го со сода и топла вода, избришете го и дури потоа вклучете го за употреба.

8-raboti-koi-zadolzhitelno-treba-da-gi-ischistite-vednash-po-kupuvanjeto-i-pred-da-gi-upotrebite-09.jpg

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX