loading...

Пожарот го уништил целото соседство, а домот на познатиот актер останал недопрен

Холивудскиот актер Ентони Хопкинс за влакно го избегнал пожарот кој изминатите денови со голема брзина се ширеше низ Калифорнија.

Додека неговите соседи ја немале таа среќа да го зачуваат својот имот, Ентони веќе се вратил во својот дом и може мирно да седи на балконот. Фотографиите кои го обиколија интернетот ја прикажуваат неверојатната сцена од неговата недопрена куќа и двете лежалки во градината. 

Калифорнискиот пожар срамнил 40 илјади хектари шума и земјиште. Освен домот на Хопкинс, и вилата на Пирс Броснан вредна 3,4 милиони го преживеала пожарот. Актерот се вратил вчера во својот дом и рекол дека глетката која ја затекнал е нешто најстрашно што го видел во животот.

Во пожарот загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 250 илјади добиле налог за евакуација. Помеѓу нив се нашле и бројни холивудски ѕвезди како сестрите Кардашијан, Кејтлин Џенер и Џесика Симпсон, а многумина од нив останале без своите куќи.

“Беше срцепарателно во последните неколку денови. Ова е се’ што остана од мојата куќа. Љубов. Многу луѓе во Малибу и околните подрачја во Калифорнија исто така ги загубија своите домови”, напишал актерот Лиам Хемсворт на својот Инстаграм профил.


  •  
loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX