loading...

Плејбој зајачицата и поранешна цимерка на Меланија Трамп открила голема тајна за првата дама на САД

Викторија Силвстед, поранешна цимерка на Меланија Трамп, е личност која актуелната прва дама на САД ја познава многу добро, и тоа од времето пред убавата Словенка да стане светски позната.

Оваа шведска манекенка, која во 1997-та година ја добила титулата “Playboy playmate of the Year”, токму таа година живеела со Меланија во светската престолнина на модата – Париз, каде двете дошле како млади манекенки со желба да остварат успешни кариери како модели. 

Викторија неодамна открила тајна која Меланија никогаш не сакала да ја коментира во јавност. Таа објаснила зошто англискиот на Меланија е нешто поради што секогаш ја исмејуваат, со оглед на тоа дека и натаму има силен балкански акцент, како вчера да дошла од Словенија, пренесува Page Six.

Поранешната цимерка на првата дама на САД е уверена дека за тоа е заслужна повлеченоста на Меланија.

“Таа никогаш не сакаше внимание. Беше многу тивка и повлечена. Доколку разговараше со луѓе и го користеше англискиот јазик, нејзиниот акцент сигурно ќе се подобрел, но таа едноставно не сакаше да се обидува”, изјавила Викторија.

Поранешните цимерки се сретнале и разговарале минатата година, кога Викторија заклучила дека Меланија воопшто не се променила.

“И натаму е истата. И натаму сака луксузни работи, и уште го има тој ужасен акцент”, рекла таа.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX