loading...

Ова се најзгодните политичарки на светот, од нивниот изглед ќе ви застане здивот

Политичарките ширум светот често се наоѓаат под лупа на јавноста, не само поради нивните дела, туку и поради изгледот.

Во продолжение, погледнете ги политичарките кои ги освоија машките срца и за кои многумина велат дека изгледаат како вистински топ модели.

Никол Минети, Италија

Поранешната забна техничарка почнала да се занимава со политика по запознавањето со Силвио Берлускони.

Таа беше во центарот на вниманието во текот на аферите околу неговите бунга-банга забави. Минети е осудена на 3 години условна казна поради финансиски малверзации.

Алина Кабајева, Русија

Поранешната руска олимписка шампионка во гимнастика, по завршувањето на кариерата станала член на партијата на Владимир Путин, Единствена Русија.

Во јавноста со години кружат гласини дека Кабајева е во врска со рускиот претседател.

Марија Роса Карфања, Италија

Некогашниот топлес модел и танчерка денес е министер за еднаквост. Берлускони во една прилика изјавил дека “би ја оженил”, а набрзо во јавноста излегоа нивните “врели разговори”.

Карфања е позната по прекарот “Убавата Мара”.

Сетрида Геагеа, Либан

Најпопуларната политичарка во Либан е членка на парламентот веќе 12 години.

Таа почнала да се занимава со политика откако нејзиниот сопруг завршил во затвор.

Орли Леви, Израел

Леви важи за најубавата политичарка во Израел.

Таа била топ модел, а служела и во авијацијата на Израелската војска.

Јури Фуџикава, Јапонија

Оваа Јапонка која е членка на Конзервативната партија ја опишуваат како “премногу убава за да се занимава со политика”.

Фуџикава е позната по аферата со оженет политичар од противничката партија, а се зборува и дека снимала “меки” порно филмови.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX