loading...

Новиот кандидат за Џејмс Бонд е миленик на сите филмски фанатици

Веќе подолго време во медиумите и филмската индустрија се шпекулира за наследникот на Даниел Крег кој според договорот, ќе сними уште еден дел од филмовите “Џејмс Бонд”. Даниел се согласил да сними уште еден дел после исцрпувачките преговори со продуцентите кои потајно посакувале 25 – то продолжение да го снимат со него.

Иако до гледањето на тој филм имаме уште една годинa чекање, премиерата е најавена за ноември 2019, а пред извесно време се откри дека Крег повторно ќе биде во главната улога на Џејмс Бонд, тајниот агент. 

Во меѓувреме лицитацијата за следното Бонд лице започнала, засега водат Том Харди и Џејмс Нортон на кои им се дадени подеднакви шанси, односно 3 спрема 1 за тоа дека Том и Џејмс ќе бидат наредните 007 агенти.

Меѓутоа, уште едно ново име се појави помеѓу двајцата глумци, кое привлече големо внимание кај јавноста. Станува збор за глумецот Килијан Мрфи, ирскиот глумец, мегаѕвездата на ТВ серијата “Peaky Blinders”, кој глуми одличен, храбар шеф на бирмингамската банда на крадецот и обложувач Томас Шелби.

Иако Мрфи осцилира во квотите (од 31/1 до 12/1), мораме да признаеме дека оваа номинација е една од нашите омилени. Миленкот Килијан Мрфи има голем потенцијал да заврши добра работа со улогата на Бонд, така што сите нетрпеливо чекаме да дознаеме кој ќе биде новиот наследник на Даниел Крег.


 
loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX