loading...

Киндер колач за 20 минути – без печење

Овој колач е еден од оние „брзински“ за кога ви треба спас во последен момент, а немате време за торти со филови.

kinder-kolac-bez-pecenje-gotov-za-20-minuti-01.jpg

Сладок е, се топи во уста и има и бело и црно чоколадо.

За да го направите ви требаат 20 минути, а за да го изедете веројатно двојно помалку.

Потребни состојки:

  • 300g шеќер
  • 100ml вода
  • Половина коцка маргарин
  • 200g млеко во прав
  • 100g црно чоколадо
  • 100g бело чоколадо

Подготовка:

Шеќерот ставете го во водата и загревајте. Додадете го маргаринот. Кога ќе добиете еднолична течност, тргнете од ринглата и додадете го млекото во прав. Најдобро е да го просеете низ цедалка за да нема грутки.

Смесата поделете ја на 2 дела – во едниот ставете го растопеното бело чоколадо, а во другиот црното чоколадо.

Ставете ги смесите во подмачкан калап за ролат, една над друга. Ладете неколку часа.

kinder-kolac-bez-pecenje-gotov-za-20-minuti-02.png

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX