loading...

Како да го спасите јадењето кое сте го пресолиле?

Доколку ви се истурило малку повеќе сол во супата, манџата, гулашот или сосот, додадете малку вода и свеж босилек и додадете зеленчук како кромид и моркови, па продолжете со варењето уште 10 минути.

Kako-da-go-spasite-jadenjeto-koe-ste-go-presolile-01.jpg

Киселината на лимоновиот сок и оцетот исто така помага во ублажувањето на солениот вкус, па слободно додадете неколку капки во течноста.

Доколку рецептот го дозволува тоа, додадете малку млеко или јогурт. Овие состојки, исто така одлично ја „ублажуваат“ солта. Еден одличен совет од традиционалната кујна гласи вака: Кога ќе го пресолиш јадењето, додади му еден излупен компир или јаболко кои ќе го впијат вишокот сол, а по варењето извадете ги од тенџерето.

Искусните готвачи советуваат дека јадењето треба да се пробува во текот на целото готвење, а не само на крајот.

Бидете внимателни и кога додавате пелати, односно домати од конзерва во јадењето, маслинки или капари, бидејќи сите содржат многу сол.

Одличен додаток на пресолените јадења е додавањето на тиквичка исечкана на коски која успешно ќе го неутрализира сланиот вкус. Сосот кој сте го пресолиле ќе го ублажите со свежи домати.

Марта Стјуарт во премногу зачинетите јадења има обичај да додаде млечна павлака со висок процент на масленост или друг кремаст неутрален млечен производ кој ќе ја ублажи сланоста на сосот.

Може да се додаде и малку млеко помешано со густин или неутрално младо сирење или млечен намаз без додатен сол и – пресолениот ручек е спасен.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX