loading...

Зошто понекогаш се штрекнувате додека потонувате во сон?

Дали некогаш ви се случило да се штрекнете баш кога сте почнале да тонете во сладок сон, без да ве разбуди некој намерно?

Станува збор за ненамерно грчење на мускулите додека телото се опушта за сон, т.н. хипничко тресење.

Live Science објави дека името го добило според состојбата на хипногогија, односно преминот меѓу будност и сон. Грчевите на мускулите може да се јават спонтано или може да бидат предизвикани од надворешни дразби како звук или светлина.

Некои луѓе тврдат дека со овие грчеви доживуваат и халуцинации.

Некои научници веруваат дека стресот, прекумерно внесување кофеин, умор или недоволно спиење може да го зголеми шансите за хипничко тресење, но оваа појава уште не е доволно истражена.

Некои тврдат дека за тресењето придонесува и зголемената телесна активност во вечерните часови.

Научниците не се сигурни зошто точно се јавува ова штрекнување, но се согласуваат дека станува збор за вообичаена и безопасна појава за која не треба да бидете загрижени.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX