loading...
стоп

Зошто знакот СТОП е осмоаголен?

Во почетокот на 20-ти век американските патишта се обземени од хаос. Возачите ги немаат потребните лиценци, лентите не постојат, а знакот СТОП сеуште не е измислен.

Кога во 1915 година во Детроит се појавил првиот официјален знак СТОП, тој бил мал, бел и во форма на квадрат и немал ништо заедничко со црвениот осмоаголник кој го познаваме денес.

Но во 1923 година гранка на одделот за автопати во Мисисипи предложува една промена – што би се случило ако формата на знакот може да прикажува предупредување за внимание?

Логиката е едноставна: колку повеќе страни има знакот, толку поопасен е претстојниот дел од патот.

Круговите (за кои се смета дека се знак за бесконечност) укажуваат на најризичните зони, како железничките премини.

Осмоаголниците ја означуваат втората најголема опасност, како раскрсниците. Дијамантите ги сигнализираат помалку ризичните делови, а правоаголници се строго информативни. Овие правила сеуште ги користиме.

 


loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX