loading...

Значењето на новото емоуџи: Мислевме дека никој не го разбира, но всушност еве го одговорот

Сите сопственици на „iOS“ уреди, добија многу нови емоуџија, но едно од нив особено се издвои – бидејќи никој не знае што претставува.

Новото емоуџи претставува мешавина од „намигнато“ и „гримаса со румени образи“, а како резултат на тоа, луѓето се потполно збунети за што точно станува збор и кога е соодветно за користење.

Секако, интернетот е преплавен со смешни одговори на прашањето – за што служи ова емоуџи, а сега имаме и официјално објаснување.

„Unicode“, непрофитната организација, која ги надгледува глобалните стандарди за создавање на нови емоуџија, ова го опишува како „лице на кое не му е добро“.

Некои од клучните зборови кои се поврзани со ова смајли и кои се поставени на „Unicode“ сајтот се: „вртоглавица“, „интоксициран“, „пијан“ и „состојба на бессознание“.

Во принцип, ова емоуџи означува пијанство и значи дека човекот не се чувствува најдобро. 

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX