loading...

Готова за 20 минути: Неодолива кремпита што веднаш ќе ја изедете!

Потребни состојки:
  • 1,3 литри млеко
  • 1 путер
  • 6 лажици остро брашно
  • 6 јајца
  • 10 лажици шеќер (бел или кафеав)
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 кори за крем-пити
Приготвување:
  • Одвојте ги жолчките од белките и изматете снег од белките.
  • Половина од млекото ставете го во сад и во него додајте жолчки, шеќер, брашно и пудинг, па сето тоа добро изматете го додека не добиете изедначена смеса без грутки.
  • Другата половина од млекото ставете ја во лонец и додајте путер.
  • Загревајте додека не зоврие млекото, па потоа внимателно прелијте ја првата смеса во втората (во млекото и путерот) и мешајте додека сето тоа не згусне.
  • Загревајте ја смесата 5 минути, па тргнете ја од оган.
  • Потоа, во лонецот додајте и изматени белки, па со миксер, на најниска температура мешајте го сето тоа додека не се соедини смесата.
  • Оставете ја да се излади малку.
  • Ставете ја првата кора во длабока тепсија, па на неа прелијте ја смесата и израмнете ја со лажица.

Совет:

  • За да си го олесните сечкањето на горната кора, прво исечкајте ја на коцки, па наредете ги коцките врз крем-питите.
  • Ако сакате кремпити со шлаг, изматете шлаг од 4 децилитри слатка павлака, па прелијте ја врз кремот пред да ја ставите горната кора.
loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX