loading...

Водата на Марс можеби има доволно кислород да поддржува живот

Долго време се сметало дека Марс е невозможно да поддржува живот. Истражувањата кои траат со декади индицираат дека на планетата можеби сè уште потстои вода, која вклучува езеро под површината. 

Сега, нова студија покажува дека депозитите вода под површината, особено блиску до половите, можат да содржат молекуларен кислород – кој е клучен за животот на Земјата.

Тоа би значело дека на Марс е возможно да се развие микробен живот, па дури и едноставни животни како сунѓерите.

Површината на Марс пред скоро 4 милијарди години била многу слична со онаа на Земјата, а тогаш имало и атмосфера и течна вода на површината, како и глобално магнетно поле и вулкани.

Денес, неговата површина е сува и студена – 5 до 10 °C дење и -100 до -200 °C ноќе, а атмосферскиот притисок изнесува помалку од 1% од оној на Земјата, што значи дека било која површинска вода веднаш би испарила во атмосферата, но истата би останала заробена под површината.

Исто така знаеме дека постојат траги од метан на Марс, чиј извор може да биде или хидротермална активност (движење на загреана вода) или микробен живот.

Роверите на Марс, пак, пронашле и супстанци како калциум и магнезиум перхлорати близу можни извори на вода, што индицираат присуство на солена вода, додека пак со ESA Mars Express мисијата биле пронајдени радарски докази за течна вода под јужниот поларен регион – потенцијално подземно езеро, широко 20km, на 1,5km длабочина. 

Во 2020-та како дел од ESA-Russia ExoMars мисијата, на Марс ќе слета ровер дизајниран да дупчи до 2 метри под површината што е нашата досега најдобра надеж да се пронајде трага на некаков живот, бидејќи на таа длабочина ултравиолетовата, космичка и соларна радијација не можат да пенетрираат и да му наштетат.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX