loading...

Вежби за истегнување (Втор дел)

1. Поза триаголник

(9)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Надворешни стомачни коси мускули

Изведба: Застанете со нозете раширени малку повеќе од рамената. Испружете ги рацете од страна. Вашето десно стапало е свртено на десно. Ставете ја десната дланка на десното стапало и со исправен грб испружете ја левата рака нагоре. Повторете и на другата страна.

2. Поза куче свртено надолу покрај ѕид

(10)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Пекторални

Изведба: Застанете потпрени на ѕид и бидете доволно оддалечени за горниот дел од телото да ви биде паралелен со подот. Полека истегнувајте ги градите надоле.

3. Истегнување на ‘рбетот

(11)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Глутеални и надворешни стомачни

Изведба: Легнете на подот. Свиткајте го десното колено и помрднете ја ногата на лево преку вашето тело. Нежно притиснете ја со раката за подлабоко истегнување. Повторете со другата нога.

4. Странично истегнување

(12)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Надворешни стомачни мускули

Изведба: Застанете исправено и бавно свиткајте го телото на десно. Повторете и на другата страна.

5. Наведнување со една нога

(13)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Тетиви и задни мускули

Изведба: Застанете исправени и поставете го едното стапало пред другото. Држете го грбот исправен. Ставете ги рацете на колковите и наведнете се нанапред. Повторете со другата нога напред.

6. Пеперутка

(14)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Адуктори

Изведба: Седнете, спојте ги стапалата и свиткајте ги колената. Држете го грбот исправен. Внимателно спуштајте ги колената со дланките и обидете се да го допрете подот. За подлабоко истегнување доближете ги стапалата што е можно повеќе до вашето тело.

7. Истегнување на глутеалните мускули

(15)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Глутеални мускули

Изведба: Седнете на подот со исправен грб. Бавно доближете ја ногата до градите свртувајќи го колкот кон надвор. Повторете со другата нога.

8. Седнат галеб

(16)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Преден тибијален мускул

Изведба: Седнете на подот и поставете ја десната рака зад грбот. Ставете го десното стапало малку над коленото и држете го таму со слободната рака. Повторете со левата нога.

9. Истегнување нанапред

(17)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Мускули кои се истегнуваат: Задни мускули, тетиви и листови

Изведба: Седнете на подот и држете ги нозете споени и исправени. Бавно наведнувајте се напред.

10. Исчекор

(18)vezhbi-i-sliki-koi-kje-vi-pokazhat-koi-muskuli-gi-istegnuvate-kafepauza.mk

Изведба: Направете долг чекор напред со левото стапало и свиткајте го коленото под агол од 90 степени. Фатете го десното стапало од назад и повлечете кон вашето тело. Повторете и на другата страна.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX