loading...

Вежби во домашни услови со кои ќе согорите 500 калории за 30 минути

Сакате да ослабете и да ги стегнете мускулите, но немате многу слободно време? Не мора да одите во теретана за да ги остварите овие цели, туку само да одвоите 30 минути за вежбање во вашиот дом.

Многу често напорите за водење поздрав живот ни се попречени од недостатокот на слободно време, но всушност само треба добро да се организирате.

Препораките на експертите се дека луѓето на возраст од 19 до 64 години треба да вежбаат 30 минути дневно, пет пати во неделата, за да бидат фит.

Кардио вежбите се многу добар начин за топење на масните наслаги, но има и други начини за слабеење.

Вежбите во кои ја користите тежината на сопственото тело се многу добри за таа цел и може да согорите и до 500 калории со вежбање од 30 минути.

Тоа се вежби како склекови, „чучњеви“, исчекорувања и „пленк“, што може да ги правите секаде, во секое време, без опрема. По некое време може да внесете полесни тегови во изведувањето на овие вежби.

Ако сакате да додадете уште елементи на вашата фитнес програма, внесете повеќе пешачење и качување по скали во дневните активности.

Скокањето со јаже е уште една одлична вежба со која се согоруваат 500 калории за половина час, а за тоа ви треба минимално вложување во опрема.

Ако одамна не сте вежбале, почнете со вежбање по 10-тина минути дневно и постепено стигнете до тренинг од 30 минути. Во 10-15 минути секако ќе согорите барем 200-300 калории.

loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX