loading...

Брз непечен колач

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 200 г. шеќер во прав
  • 600 г. мелени бисквити
  • 100 г. лешници (ореви, бадеми)
  • 125 г. путер
  • 200 мл. сок од праска (кајсија или слично)
  • 10 чоколадни банани

Прелив:
 100 г. црно чоколадо
  малку масло

Начин на подготовка:

  1. Мелените бисквити полијте ги со сокот и измешајте.
  2. Додајте сечкани ореви.
  3. Белките одвојте ги од жолчките и во жолчките додајте го шеќерот.
  4. Садот ставете го на сад во кој врие вода и матејќи сварете густ крем. Тргнете на страна, изладете.
  5. Путерот изматете го пенесто, измешајте со изладениот крем и се заедно вмешајте во бисквитите.
  6. Измешајте со раце а потоа половина од смесата ставете во калап за колачи обложен со прозирна фолија.
  7. Наредете ги крем бананите по должина и покријте со останатата смеса.
  8. Покријте со прозирна фолија, убаво притиснете со рака и префрлете во фрижидер добро да се излади.
  9. Потоа калапот превртете го на чинија за служење, отстранете ја фолијата и колачот полијте го со чоколадна глазура.
  10. Чоколадото истопете го на ниска температура, додајте малку масло, измешајте и полијте го колачот. По желба за украс истопете малку бело чоколадо.
loading...
loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!
Inline
Inline
WpCoderX